Страшна несреќа во Скопје, има повредени

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 19:30 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и улица „23 Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Хундаи“ со скопски регистерски ознаки управувано од 29-годишниот А.П. од Скопје и моторцикл „Априлиа“ со скопски регистерски ознаки управуван од 60-годишниот Д.Л. исто така од Скопје.

 Во незгодата Д.Л. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

30.08.2018 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега