Го боел и малтретирал: Прилепчанец се изживувал со куче

Прилепчанецот кој боеше и малтретираше животни е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „мачење животни“. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера во 19 часот во полициската станица во Прилеп било пријавено дека непознато машко лице малтретира животно на градскиот плоштад. Прилепчанецот истурил црвена боја врз куче и започнал да го влезе за едната нога.  

По пријавување на настанот излезено е на местото на настанот и извршен е увид. Приведен е 56-годишниот М.М. од Прилеп со кого е извршен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава. 

 

 

 

30.08.2018 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега