Воз прегази мигранти во Скопје

Во близина на влезот во железничката станица Смоквица, утринава околу 5 часот, патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, наишол на група мигранти, при што удрил во две лица. 

Според кажување на лицата, повредените се на возраст од 26 и 27 години од Алжир. Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Општа Болница Гевгелија, каде им биле констатирани тешки телесни повреди и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување.

Извршен увид на местото на настанот.

 

 

 

30.08.2018 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега