Тешка сообраќајка во марино, неколку лица повредени

Вчера во 14,25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во село Марино се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “Застава 101“ со скопски регистерски таблици, управувано од 71-годишниот Т.С. од Скопје и паркирано товарно моторно возило “Волво“ со регистерски таблици на Македонска Каменица, во која повреден бил и пешакот Б.М.(39) од Македонска Каменица. 

По незгодата со возило на Итна медицинска помош помош Т.С., пешакот Б.М. и сопатничката од возилото “Застава 101“ В.С.(76) од Скопје биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, каде од страна на лекар на Т.С. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на пешакот Б.М. и сопатничката В.С. телесни повреди.

На местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

31.08.2018 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега