Го фрлал кокаинот во ВЦ - полицијата фати кичевчанец на дело

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе  кривична пријава  против 33-годишниот А.А. од Кичево, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „спречување на докажување“.

На 23-ти овој месец во Кичево од страна на полициски службеници при претрес во домот на пријавениот, истиот давал пасивен отпор и со туркање ги попречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија.

Пријавениот од работната маса во кујната зел две кеси со бела прашкаста материја и ги фрлил во тоалетот, но бил спречен да пушти вода. При претресот биле пронајдени и одземени одредена количина кокаин, марихуана и 188.100 денари, два мобилни телефони и сим картичка.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор од 30 дена.

 

 

 

31.08.2018 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега