Скопјанец прободен со нож среде улица

Скопјанецот А.Ш.(32) синоќа, околу 19 часот, со нож бил прободен во грб од лицето А.С. од Скопје на булеварот „8-ми Септември“.

Како што соопшти денеска МВР, А.Ш. синоќа, во 21:30 часот, го пријавил случајот во Полициската станица Карпош.

Синоќа А.Ш. со неговиот другар Е.Ш. возеле велосипед, а до нив се доближило патничко возило „Форд“ со непознати регистарски ознаки, во кое бил А.С. и уште четири непознати лица. Додека возилото било во движење, А.С. го отворил прозорецот и со нож го прободел А.Ш. во грбот, а го погодил и неговиот другар.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

31.08.2018 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега