Бешлиев: Мора да ја подобриме трговската размена со Русија
Податоците кои ги добивме од Русија покажуваат дека е намалена трговската размена меѓу Македонија и Русија, изјави извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев.
Меѓудругото, ова намалување се должи на неповолната конкуренција на цените на раната зелка, кон почетокот на годината.
На денешната трибина и обука за македонски менаџери за „Особеностите на рускиот пазар и стратегија на успех (потенцијал, можности, реализација)“, Бешлиев посочи дека покрај тековите работи, трибината е организирана со цел да се најде решение за зголемувањето на трговската размена меѓу Скопје и Москва.
- Податоците што ги добивме од руска страна говорот дека имаме намалување на трговската размена за околу 9,7 отсто, при што македонскиот извоз бележи пад од околу 23 проценти, наведе Бешлиев, посочувајќи дека во првите шест месеци од минатата година вредноста на извозот бил 41 милион долари, а оваа година во истиот период е 31,1 милион долари.
Тој истакна дека тоа е показател дека треба да се алармира, да се разгледа што се случува и да се работи заедно со компаниите и со нивните партнери од Русија со цел да се најде модул како тоа да се поправи, уверувајќи дека состојбата и навистина ќе се промени.
- За размената во посочените бројки, не влегуваат енергенсите. Сепак вкупната размената што минатата година изнесуваше околу 201 милион долари, се надеваме до крајот на годината ќе биде приближно иста или ќе се надмине, рече Бешлиев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа