Тешка несреќа во Тетово: Излетал, се превртел и се забил во столб

На регионалниот пат Јегуновце - Желино, околу 01.50 часот  патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот П.С. од тетовското село Раотинце, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски столбови, по што се превртело.

МВР денеска соопшти дека возачот П.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен  во тетовската клиничка болница каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

 

 

 

10.09.2018 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега