Страотна несреќа во Македонија заврши трагично: Починал на лице место пред очите на дете

Во текот на вчерашниот ден во 17.40 часот на автопат Велес-Куманово, кај исклучокот за Аеродром „Скопје“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот А.К. од Скопје и патничко возило „Опел Астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот В.К. од селото Дабиле, струмичко.

Струмичанецот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во возилото „Опел Астра“, А.А.(43) од Вељуса, струмичко и 11-годишно дете од селото Дабиле, струмичко.

Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болниците „8-ми Септември“ и „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција. 

 

 

 

11.09.2018 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега