Младо момче падна од мотор - крваво пренесено на Ургентен во Скопје

Ноќеска во 00.40 часот на улицата „Маршал Тито“ во селото Чешиново, кочанско, 19-годишниот Ј.А. од Чешиново, управувајки мопед „АПН 6“ со непознат регистарски број, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медициинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип, по што , поради сериозноста на повредите, бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото извршила екипа Полициската станица Кочани.

 

 

 

11.09.2018 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега