ЈО ја запре постапката против третоосомничениот за убиство на Саздо

Јавното обвинителство ја запре постапката против 19-годишниот Јетон Љужа, кој се водеше како третоосомничен за убиствона Никола Саздовски - Саздо, објави Алфа. Ваквата одлука е донесена поради тоа што Љужа е во бегство, а постапката ќе продолжи кога тој ќе биде пронајден. Саздо беше претепан до смрт на 29 јуни годинава, потерница по бегалецот Љужа обвинителството побара да се распише еден месец подоцна. Од обвинителството денеска информираат дека против другите двајца осомничени за злосторот, поднесен е обвинителен предлог. Обвинителството ги товари за свирепо убиство.

Според истрагата на критичниот ден  обвинетите откако му пришле на Никола и му побарале лична карта, тие неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите. Од силните удари Саздовски загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што продолжиле  без милост да го тепаат. По овој крвнички напад, бил пренесен во Ургентниот центар , од тешките  повреди на 3 јули настапила мозочна смрт, а 6 дена подоцна починал.

 

 

 

11.09.2018 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега