Штипјанец со фалсификувана диплома добил унапредување на работа

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против 51-годишниот Г.Д. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, казниво по член 380 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот во текот на 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во сообраќајот во Ниш, Република Србија.  

 

На 30.09.2016 година во Јавното претпријатие „Стипион 2011“ – Штип, каде е вработен, го приложил за добивање на решение за работа на повисоко работно место, за што му бил издаден нов договор за вработување во јавното претпријатие на работно место контролор во сообраќај во Одделението за платени паркинзи.

 

 

 

12.09.2018 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега