Тешка сообраќајка во Македонија: Судир меѓу две возила - двајцата возачи во болница

Вчера во 12:30 часот на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод на раскрсницата со улица „Рудничка“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н. 37-годишниот од Кичево, и патничко моторно возило „Ауди“, управувано од 37-годишниот И.Р. од Македонски Брод.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а по укажаната лекарска помош во Медицински центар Кичево, А.Н. е препратена во болницата "Св. Еразмо" во Охрид.

 Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

 

12.09.2018 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега