Несреќа во Македонија: Изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид

На регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, синоќа во 04:30 часот во непосредна близина на Ростушки мост, патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот Љ.А. од село Бајрамовци, Центар Жупа, изгубило контрола и удрило во бетонски заштитен sид. Од ударот со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото, Д.М. од Скудриње. По укажаната лекарска помош во Здравствениот дом Ростуше и во болницата во Дебар, таа била пренесена во болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

12.09.2018 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега