Драма во скопска градинка: Едниот извадил нож, а другиот пиштол

Вчера околу 10:15 часот било пријавено дека во Скопје во детската градинка на улица „Рокомија“, настанала вербална расправија помеѓу 40-годишниот З.Џ.и Б.З., двајцата од Скопје. 

Потоа, според пријавеното, З.Џ. извадил пиштол, додека Б.З. извадил нож.

По преземени мерки  од страна на полициски службеници бил приведен З.Џ., при што кај истиот бил пронајден пиштол. Б.З. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки и активности е пронајден и приведен. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

12.09.2018 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега