Тепачка во ресторан на Кеј: Едно лице уапсено

Вчера вечерта во 01:40 часот 47-годишниот Д.Р. од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 22:30 часот во угостителски објект на улица „Кеј 13-ти Ноември“, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу четири непознати лица.

 Потоа лицата излегле од објектот, при што го скршиле стаклото од влезната врата. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, бил приведен 39-годишниот Ј.Ш.од Црна Гора, a се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и на другите лица.

 За настанот е известен јавен обвинител. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

12.09.2018 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега