Дилер на дрога уапсен во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против 29-годишниот А.С. од Велес поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 10.09.2018 година во 19:30 часот на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Матиз“ со велешки регистарски ознаки, кое било паркирано на тротоар, како и проверка на идентитетот на возачот. Во тоа време дошол и пријавениот А.С., кој, исто така, бил легитимиран и бил извршен преглед на неговата чанта. При прегледот, во чантата биле пронајдени три пакувања со околу 300 грама хероин, една кеса со 285 грама мешавина од кофеин и парацетамол и едно пакување со околу 10 грама кокаин и два мобилни телефони.     

 

Лицата биле лишени од слобода и донесени во Полициската станица Гази Баба, по што возачот бил пуштен, а А.С. бил задржан за понатамошна постапка. Предметите се одземени и по извршеното вештачење, во координација со Основното јавно обвинителство, против А.С. е поднесена кривична пријава.  

 

 

 

13.09.2018 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега