Несреќа во Македонија: 12-годишно момче падна од автобус

Во село Амзабегово, светиниколско, вчера утрината околу 07:10 часот при влез во автобус „Ивеко“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 62-годишниот Ш.Ѓ. од Свети Николе, 12-годишно момче од село Амзабегово паднало и се здобило со тешки телесни повреди. Автобусот бил застанат за прием на патници-ученици од основно училиште и во моментот кога тргнал задната врата била се уште отворена и момчето паднало.

По укажана лекарска помош во приватна здравствена установа во Свети Николе, детето било префрлено во болницата во Велес. Извршен е увид на местото на настанот.  

 

 

 

 

13.09.2018 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега