Акција на полицијата: Оружје и муниција пронајдени во домовите на тројца скопјани

 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје, поднесе кривична пријава против лицата 40-годишниот М.Д., 34-годишниот М.Д. и 39-годишниот Т.П., сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 05.07.2018 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домовите на пријавените.

При претресот, кај М.Д.(40) бил пронајден и одземен еден полуавтоматски пиштол калибар 7,65 мм, една рамка со шест куршуми со калибар 7,65 мм. Во домот на М.Д.(34) биле пронајдени и одземени 18 куршуми со калибар 7,65 мм и 13 куршуми со калибар 9 мм. Додека, во домот на Т.П.(39) бил пронајден и одземен еден полуавтоматски пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм.

 

 

 

13.09.2018 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега