Судир меѓу три возила на патот Скопје-Тетово: Маж однесен во болница

 

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на регионалниот пат Тетово–Скопје, во село Желино.

Како што информира МВР, во несреќата учествувале патничко возило „Фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Ш.Г., патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 74-годишниот С.А. и патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.И.

 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Голф“-С.А.. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар-Тетово, каде по укажаната помош бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

 

 

 

26.09.2018 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега