Обид за убиство во Ченто: Излегол од автомобилот и почнал да пука со автоматска пушка
Обид за убиство се случил завчера во Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за насилен криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, со кривична пријава го предаде 26-годишниот А.М. од Скопје, поради основи на сомнение дека на 24.09.2018 година со повеќе истрели од огнено оружје се обидел да го лиши од живот 22-годишниот Ј.Б. од Скопје, со што сторил кривично дело „Убиство во обид“ предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ.
Како што информира МВР, на 24.09.2018 година околу 00:05 часот на крстосница на улиците „Дормиторскa“ и „Алија Авдовиќ“ во населба Ченто пријавениот A.M. го пресретнал Ј.Б., излегол од возило и од автомастка пушка пукал кон оштетениот, кој управувал патничко моторно возило "Мерцедес". Повредениот од случајни минувачи бил однесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде е задржан на понатамошно лекување.
Од страна на полициски службеници извршен е увид на местото на настанот. По преземените мерки и активности дојдено е до сознанија дека можен сторител на кривичното дело е А.М. и истиот од страна на полициски службеници е лишен од слобода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа