Сообраќајка утрово во Гази Баба - маж почина на лице место

 

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила утринава вo 08:15 часот на улица „Благоја Стефковски“ во Гази Баба.

Од МВР информираат дека сообраќајна незгода била помеѓу патничко возило „Форд“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од село Колешино, струмичко, а управувано од 35-годишниот М.Г. од Скопје и патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот В.М. село Трубарево, скопско.

-Возачот на возилото „Фиат“-В.М. починал на местото, а смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

27.09.2018 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега