Малолетник силувал 13-годишно девојче во Свети Николе
Малолетник обљубил 13-годишно девојче во Свети Николе, соопшти МВР.
Имено, според информациите на полицијата. вчера во 3 часот по полноќ во куќа во светиниколско село 17-годишник извршил обљуба врз 13-годишно девојче. По овластување на Јавен обвинител, во просториите на Центарот за социјални работи Свети Николе, во присуство на стручен тим и родител, бил извршен разговор со девојчето. По документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
27.09.2018 - 14:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа