Голем пожар вечерва во Арачиново
Во близина на скопско Арачиново доцна вечерва избувна пожар, објави Макфакс.
Како што информираат од порталот, на местото на настаот веднаш пристигнале екипи на противпожарната бргида, но дел од жителите велат дека на пожарникарите им е тешко да стигнат до местото на пожарот, бидејќи до таму немало пат.
Засега не е позната причината за пожарот во кој според првичните информации гори сува трева.
28.09.2018 - 22:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа