Соседите повторно во паника поради станот со пелените - пожарникарите морале насилно да влезат

 

Противпожарната екипа вчера интервенирала во станот кој пред извесно време беше причината за евакуација на цела зграда во ТЦ „Скопјанка“ откако се ширела неподнослива миризба, од куп искористени пелени.

Екипата излегла на терен по пријава од соседи кои забележале дека од станот изгледува чад, пренесе Курир.

Неофицијално, кога пристигнала противпожарната екипа морала насилно да влезе во станот, бидејќи никој не отворал. На лице место забележале дека сопственичката спие, а на шпоретот имало оставено тенџере од кое претекувало вода.

 

 

 

30.09.2018 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега