Момчето кое нападна полицајци на гласањето ќе се гони кривично
Ќе се гони кривично момчето кое нападна тројца полициски службеници во дворот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче за време на гласањето.
Секторот за внатрешни работи го известил Основното јавно обвинителство за извршеното кривично дело, информираше денеска обвинителот Џелал Бајрами. Нападот, велат од таму, се случил во 9.20 часот, а како што соопшти претходно МВР момчето претходно навредувало граѓани кои излегле да гласаат, пренесе Фокус.
30.09.2018 - 15:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа