Член на избирачки одбор омаловажувал полицаец во Скопје - нови инциденти на избирачките места

 

МВР ги соопшти најновите инциденти кои се случиле во текот на денот, на избирачките места ширум Македонија.

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место во село Визбегово, семејство дошло на гласање со нивниот малолетен син, кој фотографирал во просторијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Лице од Брвеница пријавило дека кога одело на гласање со неговата сопруга, од страна на В.С. му биле упатувани навредливи зборови. Во кординација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Тетово пријавено е дека во близина на училиштето "Гоце Делчев" во Тетово повеќе лица вршеле снимање и фотографирање на гласачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во училиштето "Братство" во Скопје Б.С. заменик член на избирачкиот одбор омаловажувал полициски службеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Струмица било пријавено дека во близина на училиштето "Кирил и Методиј" во село Ораовица, радовишко пронајдени се летоци со содржина поврзана со референдумот.

 

Во дворот на основното училиште „Живко Брајковски“ во Скопје лицата З.Ј.(42), кој имал беџ на наблудувач и Г.Ж.(38), го нарушиле Јавниот ред и мир со меѓусебно карање, викање и непристојно однесување. По преземени мерки, лицата биле приведени во Полициската станица Чаир и се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

30.09.2018 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега