Прекинато гласањето во село Грчец
Денешното гласање на гласачкото место бр.2436 во селото Грчец било прекинато гласањето во периодот од 12.25 до 13.13 часот поради недостиг на ливчиња од гласачкиот кочан, информираше Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на гласачкото место број 399 во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар, пак, било пријавено дека А.М.(72), по остварувањето на своето право на гласање, го искинал гласачкото ливче по што побарал друго гласачко ливче.
Дополнително, од полицијата соопштија дека на гласачкото место бр.2447 во селото Ласкарци, член на невладина организација пријавил дека бил малтретиран и добивал закани од членовите на избирачкиот одбор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа