ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар: Направен е обид за малтретирање и омаловажување на гласачи од избирачкиот список

 

Денес е направен обид за малтретирање и омаловажување на гласачи од избирачкиот список во Гостивар. Имено, несновано се лишени од слобода и повикани на разговор во полициска станица во Гостивар до сега 3 лица, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

-После телефонска пријава во СВР Тетово, 2 лица се приведени од пред штабот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, од кои за едното немало пријава, туку само во моментот на приведувањето е најден во близина на автомобилот на првоприведениот. Двајцата беа чувани во ПС Гостивар повеќе од 3 часа. Третиот се уште е таму, а имаме информации дека се работи за уште една пријавена, велат и додаваат:

„Ова што се прави е само заплашување и омаловажување. Гостивар не памети вакво нечовечко однесување, но едно порачуваме- ниту ви се плашиме, а најмалку ќе ви простиме, особено затоа што се работи за клевета и неосновано пријавување. За случајот се известени и во ОБСЕ/ОДИХР, а после утврдување на фактичката состојба и потврдување за неоснованото пријавување и постапување ќе следуваат соодветни поднесоци. Ова не е начин за прифаќање на поразот кој е очигледен и неизбежен“.

 

 

 

30.09.2018 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега