Македонец загина во страшна несреќа кај Нови Сад - уште 5 Македонци повредени

 

Четириесет и четиригодишен Македонец починал во сообраќајна несреќа која се случила утрово на автопат во близина на Нови Сад. Тој бил во автомобил со марка „фолксфаген шаран“ со македонски регистарски таблички, кој наеднаш излетал од сообраќајницата.

Полицијата соопштила дека телото на загинатиот било најдено на неколку десетина метри од смачканиот автомобил, а потрагата по него и вадењето траело со часови.

Во несреќата која се случила околу пет часот наутро потврдено е дека се повредени уште пет други машки лица исто така државјани на Македонија и тие се префрлени во Клиничкиот центар во Војводина.

Во притвор е 51-годишниот возач од Ниш.

 

 

 

30.09.2018 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега