Хан: Гласовите „за“ на референдумот се значајна поддршка на Преспанскиот договор

 

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан прв се огласи во Брисел за исходот од референдум, оценувајќи дека гласовите “за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Брисел.

- Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното “да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на земјата, напиша Хан на Твитер.

Сега, додаде тој, очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност и единство ширум партиските линии во интерес на земјата, повика Хан.

Дипломатски извори во Брисел за МИА велат дека се надеваат дека опозицијата “ќе биде поконструктивна од досега“ и дека ќе ја поддржат институционалната процедура.

 

 

 

30.09.2018 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега