Таравари: Ако не се изгласаат уставните промени можни се предвремени парламентарни избори

 

Арбен Таравари од Алијанса на Албанците во вечерашното гостување во Отвореното студио во телевизџија Алфа кажа дека бројката на излезност, односно 620 000 гласачи кои излегле на референдумот не треба да се потценува. Тараври вели дека иако законски не е исполнета бројката за исполнување на цензус, т.е. 50 + 1 процент, сепак не смее да се занемари и оваа бројка на гласачи кои излегле на референдумот. Тој вели дека правеле споредба за општина Гостивар дека на локалните избори процентната излезност била 42%, а сега е 32%, тие 10 % кои се помалку, според Таравари се должи на иселувањето.

Тј изјави дека Алијансата на Албанците била против референдумот, бидејќи истиот чини многу пари.Таравари истакна дека тие и на лидерската средба во клубот на пратеници, истакнале дека сметаат дека референдумското прашање е комплексно, и дека треба да биде едноставно. Таравари очекува дека ни претстои интересна есен, и дека не знае дали и како ќе гласаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните промени во Собранието, бијдеки без нив не можа да се изгласаат промените, па доколку нема разврска, според Таравари како што вели не гледа друга опција освен предвремени парламентарни избори. Истакна дека сепак сметал дека би било поубаво да се формирала широка коалиција која ќе го огранизира референумот.

 

 

 

30.09.2018 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега