Столтенберг: Ги повикувам лидерите конструктивно и одговорно да ја зграпчат оваа прилика
Генералниот секретар на НАТО повтори дека вратите на Алијансата остануваат отворени за Македонија, но дека сите национални процедури мораат претходно да се завршат.
- Го поздравувам гласот “за“ на референдумот во Македонија, итно ги повикувам сите лидери и партии да се ангажираат конструктивно и одговорно за да ја зграпчат оваа историска прилика, напиша Столтенберг на твитер.
30.09.2018 - 23:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа