Димитров по референдумот на Фејсбук: Ќе обезбедиме иднина вака или така

 

 

Никола Димитров по гласањето вчера на референдум се огласи на фејсбук.

- Ако од над 650.000 граѓани, над 600.000 гласале ЗА тоа е очигледен политички мандат Македонија да оди напред. Поголем од било која претходна победа на било која политичка партија. Дури и да имаше 1 милион излезени гласачи (далеку над цензусот) пак мнозинската волја на народот ќе беше јасно изразена. Можат да се бројат само гласовите на оние кои гласаат. Сега останува да се послуша таа народна волја од страна на пратениците во Собранието, согласно програмата на опозицијата каде впрочем се зборува за мнозинство гласови од тие кои гласале. Им должиме на граѓаните иднина! И ќе ја обезбедиме, вака или така, напиша тој.

 

 

 

01.10.2018 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега