Судијата се разлути од Тачи: „Не сум поштар па да знам"
Преведените записниците со исказите на сведоците во случајот „Титаник 2" не стасале до претседателот на ДПА, Мендух Тачи кој е обвинет во овој предмет. Судијата Огнен Ставрев кој ја води оваа постапка во Основниот суд Скопје 1, на денешното рочиште извести дека записниците со превод од албански на македонски јазик, кои на минатото рочиште ги побара Тачи судот му ги испратил, пренесе МКД.МК.
Судијата Ставрев му возврати на Тачи дека тој не е поштар па да знае каде е пратката со преведени записници што му била испратена пред неколку дена. Лично на рака во судница му ги предаде на Тачи записниците од сослушаните сведоци за да обвинетиот Тачи одлучи дали ќе има прашања за сведоците кои беа предложени од СЈО, а веќе беа испрашани еднаш во судница. Му возврати со „Овој ден и никој друг".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа