Експерти: Референдумот и „голтна“ 80.000 гласа на власта - во демократски земји тоа е дебакл

 

Власта загуби најмалку 80.000 гласа на референдумот, покажува анализата на резултатите од изјаснувањето во неделата.
Според податоците кои се објавени на ДИК и во споредба со предвремените парламентарни избори во 2016 година СДСМ и сите партии кои го поддржаа референдумот имаат значителен одлив на гласови.

Партија

Гласови

Пратеници

ВМРО-ДПМНЕ и други

454.577

51

Социјалдемократски сојуз на Македонија и други

436.981

49

Демократска унија за интеграција

86.796

10

Движење Беса

57.868

5

Алијанса за Албанците

35.121

3

Демократска партија на Албанците

30.964

2

ВМРО за Македонија

24.524

0

Левица

12.120

0

Коалиција за промени и правда

10.028

0

Либерална партија на Македонија

3.840

0

Партија за демократски просперитет

1.143

0

Вкупен одзив — 66,79%

1.191.854

120

Имено во 2016 година, според податоците од ДИК, СДСМ, ДУИ, ДПА, Беса, Алијансата, ДПА, коалицијата на Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов, коалицијата за правда на Павле Трајанов, Либералната партија и ПДП, односно сите партии кои денеска застанаа зад договорот имале 683.335 гласови а на гласањето во недела, поддршка дадоа 609.813 гласачи.
За експертите власта на референдумот доживеа дебакл.
„Ако на бројката од 666 илјади излезени на референдумот, од кој 610 биле ЗА, се одземе бројката на наполнети гласови за кој говореше Мицкоски, излегува дека Заев и неговите изгубиле над 100.000 гласови од подршката што ја имале во декември 2016 г. На таа пара и ме
ѓународна подршка што Заев ја доби пред референдумски, да изгуби толкава бројка на подржувачи и да има ваков резултат каков што има, во нормална и демократска земја, граѓаните и политичарите го доживуваат и го разбираат како дебакл. Ако ние тежнееме кон европски стандарди и вредности Заев треба да си поднесе оставка и престане да си игра играчки со народот и да го прави слеп и глув“ – пишува на социјалните мрежи политичкиот аналитичар Александар Пандов.

Фактот дека власта и партиите кои ја поддржуваат освоија едвај 600.000 гласови на референдумот го отвора прашањето, што би можело да се промени по евентуалните предвремени парламентарни избори кои премиерот ги најавува.

Според сегашните резултати, СДСМ и партиите кои и даваат поддршка на власта заедно би имале или исто колку и сега или пак помалку пратеници, па власта веројатно ќе оди на картата дека ќе се раситни десничарското гласачко тело па на тој начин ќе се создаде поповолна клима за придобивање на пратеници кои и покрај резултатите од референдумот би гласале за промена на Уставот со цел промена на уставното име.

 

 

 

 

02.10.2018 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега