Средба на министерот Манчевски со новиот амбасадор на ОБСЕ, Која

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се сретна со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Манчевски информира за новиот закон за висока раководна служба со кој, како што истакна, првпат во Македонија ќе се дефинираат јасни критериуми за избор на раководителите на институциите во земјата.

– На овој начин се обврзуваме преку нов закон да утврдиме јасни критериуми за избор на професионални раководни кадри. Ова е можеби еден од најважните чекори во процесот на професионализацијата на администрацијата, што е една од главните цели на процесот на реформа на јавната администрација. Тоа ќе се постигне преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности и правична застапеност. Со овој концепт, ќе се постигне професионализација на високите раководни позиции, потенцира министерот.

Амбасадорот Која ја изрази поддршката на Мисијата на ОБСЕ за активностите поврзани со креирање нова платформа за комуникација, координација и соработка меѓу организациските единици за управување со човечки ресурси, организирани во Мрежа на организационите единици за управување со човечки ресурси на институциите од јавниот сектор.

Како што соопшти Министерството, во соработка со ОБСЕ ќе се зајакнуваат капацитетите на човечките ресурси во администрацијата, како и обезбедување предуслови за редовна комуникација помеѓу вработените.

 

 

 

03.10.2018 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега