Андонов: Не се исполнети законските услови за референдумот да биде успешен

Оливер Андонов во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија, објасни дека не може да се става знак на равенство помеѓу изјаснување на парламентарни и локални избори со референдум.

Тој потенцираше дека не може да се легализира беззаконие и дека за референдумот постојат соодветни законски услови, без кои истиот е неуспешен.

– Референдумот е волја на граѓаните која е законски регулирана и тоа претставува легализам. За референдумот да биде успешен потребна е излезност од 50% +1 гласач од цензусот, од кои 50% +1 ќе се изјаснат позитивно, појаснува Андонов.

Андонов детално објасни дека парламентарните избори и референдумот не треба да се споредуваат бидејќи се работи за две потполно различни непосредни изјаснувања на граѓаните.

Како пример тој ги наведе парламентарните избори, на кои граѓаните гласаат за понудените партиски програми, додека за референдум се пропишани конкретни законски услови. -На референдумот за поставеното прашање потребен е законскиот цензус на излезност тоа е половина плус 1 гласач од запишаните гласачи во избирачки список, а од нив половината плус 1 да се изјаснат позитивно, за истиот да биде успешен.

 

 

 

03.10.2018 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега