ВМРО-ДПМНЕ: Не го признаваме резултатот од референдумот

ВМРО-ДПМНЕ денеска по состанокот објави дека резултатот од референдумот не го признаваат и дека го прогласуваат за фалсификат.

- Да упатиме порака до власта да престане со бркање од работа на сите кои се против или не гласале на референдумот, сето тоа го следиме и ќе преземеме мерки, изјави вечерва Николовски.

Николовски вели дека Договорот од Преспа е мртво слово на хартија.

Бараат да се формира анкетна комисија, која ќе ги разгледува неправилностите на денот на референдумот. Исто така, бараат разрешување на јавниот обвинител кој замижува пред криминалот на референдумот и избор на нов јавен обвинител на предлог на опозицијата.

Николовски вели ако Заев распише избори ќе го победат.

Побара и техничка влада според пржинскиот модел, побара оставки од Заев, Спасовски и Царовска.

 

 

 

 

03.10.2018 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега