Заев по состанокот: Се прават сите обиди за решение, ќе пробуваме со пратениците

Заврши состанокот на Извршниот одбор на СДСМ на кој беше разгледувана состојбата и следните чекори по неделниот референдум во Македонија.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по состанокот не прецизира за што се разговарало, посочувајќи оти ќе биде издадено соопштение за медиумите од партиската прес-служба.

Прашан дали во текот на денот имало некаква комуникација со преставници на ВМРО-ДПМНЕ за евентуален договор за усвојување на уставните амандмани во Собранието, Заев кусо кажа дека ќе се направат сите можни обиди да се најде решение.

- Сериозен е процесот пред државата. Ги знаете нашите ставови.  Ќе се обидуваме со пратениците. Се ште можеме ќе направиме. Ги знаете нашите ставови, не би кажувал детали, изјави Заев по состанокот на ИО на СДСМ.

 

 

 

03.10.2018 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега