Инвеститорот од кај Мајчин дом: Тоа е мој имот, јас го платив

Во денешното Студио 1 на 1ТВ телефонски во живо се огласи инвеститорот кој гради кај Мајчин Дом, поранешниот пратеник Фатмир Етеми.

Тој во оваа прилика изјави дека поради прекинот на изградбата е во милионски загуби и најави дека ќе ја обжали општинската одлука. Прашан за револтот на граѓаните, Етеми тврди дека ги разбира, но дека при изградбата на неговиот објект нема ништо незаконско.

– Јас сите правни процедури досега сум ги почитувал до крај. Долго време сум со бизнисот со градежништво и сум одличен познавач на овие постапки. Јас бев денеска кај градоначалникот на средба и ме информира дека ќе донесе одлука за да го стопира градењето на зградата, бидејќи оградата на градилиштето не била поставена според одобрението за градба. Јас не се согласувам со тоа и ќе поднесам жалба. За да не дојде до овој проблем и до оваа ситуација требаше многу порано да се реагира, а не кога е уплатено земјиштето 3 милиони евра, комуналиите 2 и кусур евра, вкупно се потрошени 5 и пол милиони евра, што е висока сума – изјави инвеститорот Етеми за 1ТВ.

Според него не е во ред советниците што го гласале ДУП-от сега протестираат и да нанесуваат голема штета на бизнис заедницата.

-Го разбирам револтот на граѓаните. Но треба да бидеме коректни до крај. Велат дека им го земам зеленилото, но тоа е мој имот, тоа е мое уставно гарантрано право на имот – изјави Етеми.

Тој најавува дека на таа ливада нема да пресече ниту едно дрво, ниту планира. Предвидено било на кровот од зградата да има зеленило.

 

 

 

 

10.10.2018 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега