Пронајдено исчезнатото дете од Кавадарци - полиција откри што се случило
Девет годишното дете од Кавадарци, кое неговиот татко О.Ј. го пријавил во полицијата за исчезнато, е пронајдено.
Според портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, детето излегло од домот и се оддалечило во непознат правец.
Родителите, кога забележале дека го нема, во паника започнале потрага по него, а кога не успеале да го најдат, случајот го пријавиле во полиција.
По час и половина, истото било пронајдено на таканаречениот зелен пазар во градот, каде што, како што кажало, заминало да си поигра.
Граѓаните се присетија на случајот од пред околу две години во Неготино, кога три лица, по потекло од Кочани, Кичево и Кавадарци, пресретнале десет годишно девојче кое се враќало од училиште и се обиделе да го внесат во нивниот автомобил.
За среќа се појавил таткото на девојчето, по што лицата побегнале, а кратко потоа биле лоцирани и приведени во ПС Неготино.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа