Кочан ладно утро во Македонија - ова се температурите

 

Утрово во делови на Македонија е кочан ладно. 

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од источен правец.  

Утринската темптература ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината. В недела од север ќе се спушти постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд. 

 

 

 

17.10.2018 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега