Тони Михајловски обвинет за закани кон Бранко Тричковски
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.
Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна.
Глумецот и член на тесното раководство на ВМРО ДПМНЕ, лани летото на својот ФБ профил напиша дека ,,лично би го убил Бранко Тричковски без око да му трепне“.
Тогашниот министерот за култура, Роберт Алаѓозовски нареди да се поведе дисциплинска постапка против актерот и уметничкиот директор на Македонскиот народен театар, Тони Михајловски поради неговите закани по живот упатени кон новинарот Бранко Тричковски.
17.10.2018 - 12:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа