Манојловски: Вмровците се прекрасни луѓе, да ги амнестираме, поевтино е
Пратеникот од ДУИ, Бранко Манојловски, од собраниската говорница на денешната пленарна седница порача да се амнестираат сите обвинети функционери и партиски активисти и државата да ги заштити пратениците за да можат слободно да гласаат.
-Вмровците се прекрасни луѓе, но зависат од партијата, Јас би сакал да предложам нешто практично. На секој вмровец кој ќе гласа за предлогот, државата да стои позади него, да гарантира за неговата иднина, али прво ќе треба да гласа, и ќе се знае кој ќе гласа. Да се амнестираат сите грешници, амнестија за сите, поевтино е, се друго е скапо, затворските соби се скапи. Дајте да ги амнестираме, доста патеја, премногу пропатија, пројдоа маки. Да бидеме практични. Поевтино е да им помогаме на вмровците, да стоиме зад нив ако имаат нешто кртично во партијата, да можат слободно да гласаат – рече Манојловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа