Димитров: Предлозите на Панчо Минов вредат да се разгледаат

 

На седницата за уставни измени Никола Димитров истакна дека предлозите на Панчо Минов од ГРОМ се во согласност со преспанскиот договор и дека постои простор за нивно прифаќање.

- Власта и опозицијата да седнат и да најдат решение Треба да се задоволи наметнатата условеност од Грција, но и референдумското расположение на граѓаните. Треба да се определат во меѓувреме рокови и услови во амандманот и договорот да биде ратификуван во Грција, а друи потоа да се промени уставното име во Македонија откако ќе завршат процесите за зачленување во ЕУ. Сето тоа ќе има имплементација, а истото треба да го предложи опозицијата - рече Минов како единствен пратеник кој доаѓа од редовите на ГРОМ на Стевче Јакимовски.

- Предлогот е во рамките на Спогодбата од Преспа, таму тој не се коси со ниту еден член. исто така националниот идентитет може да биде гарантиран, а државјанството според конвенциите е правна врска на граѓанинот и државата. Исто така и историската комисија која се формира нема да загрози ничиј идентитет, туку ќе се отстранат оние наративи кои поттикнуваат омраза кон другиот - рече Димитров.

 

 

 

17.10.2018 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега