Инцидент во ресторан во Прилеп: Го мавнале со шише во глава, па продолжиле да го напаѓаат
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 57-годишниот К.А., 50-годишниот А.А. и 26-годишниот О.А. , сите од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 24.09.2018 година во Прилеп, во градскиот пазар, во угостителски објект првопријавениот физички го нападнал Г.С. при што со шише му нанел телесна повреда во пределот на главата, а потоа заедно со второ и третопријавениот, продолжиле да фрлаат со разни предмети од инвентарот кон Г.С..
19.10.2018 - 19:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа