Малолетно девојче нападнато во Скопје
Малолетно девојче било нападнато вчера од страна на непознато лице, информираат од МВР. Нејзиниот татко, 42-годишниот Т.С. вчера во 21:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавил дека истиот ден околу 18:50 часот на улицата “Димитрие Чуповски“ неговата 17 годишна ќерка била физички нападната од страна на непознато лице. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
19.10.2018 - 21:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа