Патник во автобус на ЈСП заврши во болница
Вчера во13 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода, кое било патник во автобус на ЈСП-Скопје. Шеесет и две годишниот Д.З. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10:30 часот како патник се возел во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7 во насока од населбата Лисиче кон населбата Карпош и кога автобусот дошол на автобуска постојка кај Градежен факултет на булеварот „Партизански Одреди“ запрел, а Д.З. додека се симнувал, возачот ги затворил вратите и Д.З. бил притиснат од врата, по што паднал на тротоарот. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа