Тинејџери нападнати во автобус на ЈСП - со Брза помош однесени на Клиника
Малолетни деца нападнати вчера во автобус на ЈСП во Скопје.
МВР информира дека вчера во 20:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автобуската постојка пред село Чучер Сандево, во автобус на ЈСП со бр.81 кој сообраќал на релација Скопје-Долно Блаце неколку лица со цврсти предмети влегле во автобусот и ги нападнале 18-годишниот А.Ф. од село Долно Блаце и уште три лица од кои две на 15 годишна возраст и едно 16 годишно лице, сите од село Долно Блаце.
Екипа на Итна медицинска помош им укажала лекарска помош на местото на настанот, а А.Ф. и едно 15-годишно лице биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По настанот, повеќе жители од село Долно Блаце изразиле револт на местото на настанот, но набргу се повлекле. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа